речник контакт

Кампања „Безбедно во лето - вози одморен“

Во непосредна комуникација на возачите им се укажало за важноста одморен да се управува возило

Петар Печков

Во рамки на кампањата „Безбедно во лето - вози одморен“ полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со преставници од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, на подрачје на општина Градско реализираа превентивна активност и во непосредна комуникација на возачите им укажаа за важноста одморен да се управува возило. 

„Заморот и падот на концентрација се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето и затоа од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење, задожителна употреба на сигурносен појас за сите патници и да не се користи мобилен телефон при управување со возило“ – соопштија од МВР.

Фото МВР 

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »