речник контакт

Каналот за отпадни води кај ЈКП Дервен шири смрдеа и зараза

Локалната власт вели пари има се бара решение

Петар Печков

Отпадниот канал за вода близу ЈКП Дервен шири смрдеа но и лоша слика е за околината. Жителите кои живеат во близина реагираат на ваквата состојба. Таа е присутна со години, но никако да се промени, досега не се преземени мерки да се покрие. Иако неговата должина не е повеќе од стотина метри, од пругата на МЖ до реката Вардар. 

Кога доаѓа отпадна вода од индустрискиот дел на градот, каналот смрди на расипано јајце  и целата околина. Во овие летни денови поради жештината, не можеме врата прозор да отвориме од смрдеата. Има  случаи кучиња паѓаат во каналот, таму умираат нема кој да  ги спаси и тогаш од лешот пак смрди. Претходната власт најавуваше дека ќе го покрие, дури и тогашниот премиер Груевски кажа дека ќе се реши, ама  ништо. Сега да укажеме на проблемот на новите власти -велат станарите од околината.  Градоначалникот најавува дека проблемот со овој канал на отпадни води ќе се реши.

Пари има. Но овие проекти со Европската унија имаат многу ригориозни критериуми, постапки. Проектот кој го направила Општина Веелс е вратен и сега се работи на него. Бараме соодветно решение - рече градоначалникот Коцевски. 

Во каналот се влеваат оптпадни води од индустирскиот дел на населба Васа Кошулчева и е во должина од стотина метри.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »