речник контакт

Карамбол на мостот Гемиџии, сообраќајка со три возила

Сообраќајот во прекин еден час

Петар Печков

Неделата вечер околу 20.15час. на мостот Гемиџии  се случи сообраќајна несреќа во која учествувале три возила а имало и еден повреден.

 СВР Велес информираше  дека  на ул.„Илинденска“ „Нов Мост“ дојдено е до сообраќајна несреќа во која учествувале  патнички автомобил марка „опел корса“со велешки регистерски ознаки управуван од С.С.(25) од Велес, патнички автомобил марка „форд фиеста“со велешки регистерски ознаки управуван од А.К. (38) од Велес и товарно возило марка „опел-астра“ со велешки регистерски ознаки управувано од К.Џ. (29) од село Бузалково .

По несреќата  А.К. возачот на патничкиот автомобил марка „форд фиеста“ со возило на Итна Помош е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес заради укажување лекарска помош. По овластување на јавен обвинител, увид на лице место изврши увидна екипа од Полициска станица за безбедност на сообраќајот на патиштата Велес.

Поради сообраќајката, сообраќајот на мостот беше во прекин еден час.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »