речник контакт

Кате и Соната промовираа нова песна и видео

Овој пат тоа е забавна ,,Ти ветувам љубов,,

Петар Печков

Велешката фолк група Кате и Соната, промовираа нова песна и видео спот. Тоа е темата ,,Ти ветувам љубов,, чиј комплетен автор е  велешанецот Темелко Андреев. Песната е забавна и сосема различна од тоа што досега групата го негуваше.  

Идејата беше да создадеме песна, која би се пееле како прва, вовед од свадбената радост. Знаете  младите често се во недоумица како да ја отворат свадбата. Еве ние им нудиме нешто убаво, нежно, љубовно. Кога Темелко ми ја понуди песната, да бидам искрена се двоумев дали да ја прифатам, бидејќи е различна од тоа што досега сум го пеела.    Авторот имаше идеја како тоа да го испеам, ја доработивме и  ја  снимивме – вели Катерина Брезева.

Видео спотот целосно е изработен од ,,Импакт продукција,, од Велес, сниман  на сцената од салата ,,Бели мугри,, потоа во Хотелот Романтик, покрај езеро Младост.  Тоа е љубовна приказна , со среќен крај.  Во него се појавуваат професионалните танчери  Илија Карадаков   и Симона Веселеиновска   додека соло на гитара свири Борис Галев.  

Наредните планови на групата се поврзани  со Охрид Фест, каде ќе настапат со  песна на  Цане   Петров во народната вечер, иако Соната имале желба да учествуваат на забавната вечер.  Најавија дека н а Валандово нема да учествуваат поради зафатеност.    

Оваа пролет Кате и Соната имаа три нови песни и исто толку  видео спота.  Снимија поп нумера ,,Месечина,, на Јован Јованов,  фолк нумерата  ,,Проклета туѓина,, по музика на Горјан Стојановски и една патриотска  ,,Сонот   на  мајка  Султана,, посветена на Гоце Делчев, по   музика на Ванчо Димитров. 

Песната се промовираше во   ,,Етаж бар,,  кои соададоа одлична атмосфера и се погрижија за пријатна забава на гостите. 

еве го и видео клипот:

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »