речник контакт

Кате и Соната снимија три песни

За прв пат имаат и забавна нумера ,,Месечина,, со што се исполни желбата на Брезева

Петар Печков

Катерина Брезева и  групата Соната снимија поп нумера ,Месечина. Така на Кате    и се оствари сонот да исполни песна со   забавен ритам. Тоа е нумерата ,,Месечина,,  комплетно дело на  Јован Јованов, музика, текст и аранжман.   

Соработката со Јован  се случи случајно, минатата година. Бевме  да снимаме во неговото студио, ме слушна и ми понуди да отеам нешто различно,  дека  одлично би ми  прилегала забавна песна. Со песната требаше да   ја одиме  на некои од забавните  фестивалите, ама тие се за  викенди а ние слободни  викенди немаме,  па затоа конкуриравме за субвенциите и ја примија - вели  Кате. 

Деновиве групата Соната за  нумерата ,,Месечина,, сними видео спот, кој е реализиран во Хотел ,,Гарденија,, во Велес а е во продукција  на ,,Фабрика,,. Истовремено Кате и  Соната  снимија две фолк нумери, едната ,,Сонот   на  мајка  Султана,, посветена на Гоце Делчев, по   музика на Ванчо Димитров а по текст, извадок од  книга на Бошко Смаќовски и  аранмжман  на Тодор  Трајчевски.  За оваа нумера е снимен спот во продукција на Аворд. 

Велешката група сними и трета песна именувана ,,Проклета туѓина,, по музика и аранжман на Горјан Стојановски, текст на Елвир Мекиќ. Овој спот е снимен во продукција на ,,Фабрика,,. Сите три песни се субвенционирани од Министерството за култура.    

Лани Катерина Брезева и Соната снимија  фолк  песна  и видео ,,Љубов како во бајките,, исто така  субвенционирана нумера.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »