речник контакт

Кафе бар „Пармак“ е затворен

Кафе бар Пармак е затворен поради примената на Законот за забрана на пушење

Петар Печков

Откако Законот е во пракса прометот во овој угостителски објект опаднал за 80 отсто. Неговиот сопственик бил принуден да го стори овој чекор за да не  се множат обврските поради што четворица вработени од кафе барот и шестмина од ресторанот,,Пармак,, морал да ги напушти.

Овој објект беше во чаршијата и постојано полн, тука се собираа на кафе и цигара муабет. Но откако стапи на сила Законот за забрана за пушење прометот драстично се намали, гости скоро и да немаше а обврските  си течеа, така што бев приморан ова да го сторам. Наместо да вложам 350 илјади евра во негова обнова, требаше парите да ги ставам  на книшка и да живеам од камата- вели сопственикот Владимир Пармаков. 

Тој за неговото 35 годишно искуство не помни вака мал промет во угостителството. Ако продолжел трендот и во наредните месеци клуч на врата ќе ставел и на ресторанот „Пармак“ еден од најстарите угостителски објекти во Велес. Тој го посочи примерот со некои негови колеги, кои за да мораат да работат од неодамна  со задолжителниот ХАСАП систем, морале да се задолжат со кредити а сега поради намалениот промет не се во можност  истиот да го враќаат.

Пармаков вели дека опадната  економската моќ на населението  во Велес не влијаела на опаѓање на прометот, кое се забележало од почетокот на годинава кога стапи на снага забраната за пушење.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »