речник контакт

Кацаров за „Татко и отец“ добитник на Рациновата награда

Добитник на Рациновото признание за најдобра прозна книга за 2009 година е Трајче Кацаров за збирката раскази „Татко и отец“ во издание на книгоиздателството „Македонска реч“ од Скопје. Ова на прес-конференција го соопшти академик Луан Старова, претседателот на жири комисијата на наградата Рациново признание и минатогодишен лауреат на ова високо признание.

Петар Печков

Добитник на   Рациновото признание  за  најдобра прозна книга за 2009 година  е  Трајче Кацаров  за збирката раскази „Татко и отец“ во издание на книгоиздателството „Македонска реч“ од Скопје. Ова  на прес-конференција  го соопшти академик Луан Старова, претседателот на жири комисијата  на наградата Рациново признание  и минатогодишен лауреат на ова високо признание. Старова  рече дека збирката раскази „Татко и отец“ претставува значајно книжевно дело во својот жанр, кое се одликува со уверлива тематска заокруженост.

Со оваа книга Кацаров ни се претставува како раскажувач со искуство, мајстор на својот занает, со негуван, култивиран и изграден прозен израз. Книгата ја сочинуваат 27 раскази тематски обединети околу ликот на таткото. Станува збор за еден вид семејна проза напишана во вид на сеќавање каде временската дистанца помеѓу случениот настан и времето на раскажување го детерминира и погледот на раскажувачот, а со тоа и неговиот систем на вреднување, рече Старова.        Добитникот на високото Рациново признание Трајче Кацаров истакна дека оваа му е прва награда и затоа му е уште позначајна. Наградата свечено  ќе му биде врачена во рамките на овогодинешните  46 Рацинови средби,  од 11 до 13 јуни во Велес.  За ова високо Рациново признание  на конкурсот пристигнале 17  прозни книги  што претставува  дел од севкупната годишна  продукција. Во  најтесен избор влегле три книги, „Ако даде  господ“ на Братислав Ташковски, „Писмо до саканата“ до Мето Јовановски и „Татко и отец“ Трајче Кацаров

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »