речник контакт

Кајакарите ги завршија настапите на ЕП во квалификациите

Најдобро пласиран беше Спасиќ, па Мирчевски и Делиев

Петар Печков

Македонските кајакари на диви води, - слалом,  натпреварите од Европското првенство кое се одржува викендов во Виена ги завршија во квалификациите.За потсетување таму учествуваа двајца велешани Спасиќ и Мирчевски. 

Во петокот  во К-1 меѓу 59 натпреварувачи најдобар пласман имаше Љубиша Спасиќ беше 49-ти со 25 секунди заостаток, па  Борче Мирчевски  со 28 секунди заостатокот  Иван Делиев беше 58-ми со 90 секунди повеќе од најдобриот во двете трки. Во оваа конкуренција златото и среброто го освоија Чешките натпреварувачи  Прскавец и Приндиц, додека трет беше Шпанецот  Хернанс.

Во екипното возење 3хК-1  денес, сабота Македонија се пласираше на 13-тото место од 17 селекции, со 41 секунда послабо време од победникот- Германија.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »