речник контакт

Кајакарот Петрушев е 20 младинец во светот

Тој веслаше во дисциплината К-1 во вторникот со 85 учесници на возраст до 23 години

Петар Печков

Велешанецот Ангел  Петрушев е 20 младинец во светот, пласман кој го реализираше на Светското првенство за млади категории, во кајак на диви води -слалом, кое се одржува во Франција, на патеката Фоа.

Тој во дисциплината К-1 во вторникот, во квалифакциите беше 22-ри од 85 учесници, на возраст до 23 години. Овој пласман му овозможи да весла во полуфиналето, меѓу 30-те најдобри. Во оваа трка веслаше за 20-то место, со заостаток од 9,2 секунди зад најдобриот. Ако и во оваа трка беше со време како во квалификациите, ќе си обезебдеше пласман во полуфиналето. Светски првак во оваа дисциплина стана Французинот Титоан Кастрик.

До крајот на сезоната Петрушев ќе учествува и на Европското сениорско првенство за млади категории, кое ќе се одржи на патеката Солкан во Словенија од 30/07-03/08. Светското сениорско првенство се одржува во Австралија.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »