речник контакт

Кај четворица жители од Бузалково пронајдена ловечка пушка и муниција, но и оружје

Истрагата са потеклото на оружјето продолжува

Петар Печков

Кај четворица жители на Бузалково, пронајдени ловечки пушки и муниција. Деталите од информацијата на велешка полиција. 

„На 25.01.2026 во 15:10 часот на место викано „Бреза“ во атар на село Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода З.С.(57 год), З.С.(27 год), М.С.(23 год) и М.Ј.(41 год), сите од село Бузалково. При преглед на трактор, управуван од 57- годишниот З.С., биле пронајдени и одземени ловечка пушка и три патрони. Исто така, извршен е и преглед на патничко возило „лада нива“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот З.С., а сопатници биле М.С. и М.Ј., при што се пронајдени и одземени 16 ловечки патрони и други предмети“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
 Ова било повод велешката полиција да ја продолжи акцијата со претрага на домовите на лицата вовлечени во настанот.

„На 26.01.2026, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, со судска наредба, извршија претрес во домот на 57- годишниот З.С., каде биле пронајдени и одземени резервна цевка за ловечка пушка и дозвола за оружје. Со судска наредба е извршен претрес и во домот на М.С., каде биле пронајдени и одземени дозвола за оружје на име О.С.(52) од село Бузалково, репетирачко долго огнено оружје „Mossberg“, полуавтоматско кусо огнено оружје „Zastava“, полуавтоматско долго оружје „Browing“, карабинска муниција, 188 парчиња пиштолска муниција, 68 парчиња ловечка муниција, потврда за пријавено оружје и пневматско оружје „Hatsan““ – дополни Милевска Ѓорѓиева. 

За слуачјот е известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »