речник контакт

Кинезите ја маѓепсаа велешката публика со волшебниот танц (фото)

Низ повеќе слики, танчерите покажаа повеќе чувствта -заљубеност, тага, радост, живот и ја освоија публиката.

Петар Печков

Деведесет минути исполнети  со танц, енергија, исплетени со традиционална кинеска музика,  специфични костими изработени од свила,  бои  во движење, со впечатлива кореографија, сето ова го виде вчеравчер публиката во велешки театар.

Гостувањето на  Академијата за танц од  Пекинг  беше во рамките на Танц фест 2018-та.  Десетминутниот аплауз кој,  31 танчер  го добија по завршувањето, па  публиката не ги пушташе лесно да заминат од сцената. Гостите  се претставија со пет слики: будење, течение, инстинкт , ослободување, форма и бесформеност. 

Претставата е инспирирана од сликарството на древна Кина, илустрирана со традиционална кинеска музика. Кореографот ги преточува потезите на сликарот со кистот, во движење, во ритам создавајќи ја сликата и мистиката на древна  Кина.  Не постоше никаква јазична, ниту културна бариера, напротив публиката и танчерите воспоставија контакт уште од првиот момент.  Низ повеќе слики, танчерите покажаа повеќе чувствта -заљубеност, тага, радост, живот.

Иако посетителите не ја  знаат кинеската култура и јазик, одлично бевме примени. Публиката е трогната, не само во Велес туку и на претходните два настапи во Белград и Нови Сад.   Претставата е редуцирана за оваа турнеја, инаку настапуваат 40 танчери.Поради далечината  сценографијата е поедноставена, како и костимите кои за некои танчери се по 100 килограми за еден учесник    - изјави Џанг Цјанг потпретседател на Академијата.   

Публиката во  исполнетата сала на велешкиот театар, уживаше во несекојдневната претстава, на танчерите кои допатуваа од Пекинг.  Тие се на 22 дневна  турнеја по Европа со девет настапи, одиграа  во Србија, Велес беше третото гостување, среда вечер се во Скопје.

Потоа заминуваат  во Бугарија, Унгарија и  Полска.  Гостувањето во Македонија е  со посредство на Амбасдата на Република Кина во Скопје.  Академијата за танц од Пекинг е основана 1954 година и е една од поголемите во светот, со 500 предавачи и 2,5 илјади студенти.

АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »