речник контакт

Кинеските локомотиви и возови стигнаа, ама не ги исполнуваат техничките услови од договорите

МЖ е во преговори со кинеската компанија ЦРРЦ за исполнување на договорите за набавените локомотиви и патнички возови. Ако не на Суд

Петар Печков

 Во тек се преговори со кинеската компанија ЦРРЦ за исполнувањето на обврските од договорите за обнова на возниот парк со патнички гарнитури и локомотиви, а кои се однесуваат на техничките недостатоци на гарнитурите.  Доколку преговорите не бидат успешни, како правна можност е започнување на арбитражна постапка пред Арбитражниот суд во Скопје, изјавија денеска од  МЖ Транспорт.

Првата електрична локомотива од Договорот за набавка, како што укажуваат, пристигна  во мај годинава. За да се добие дозвола за пуштање во сообраќај локомотивата треба да поседува Европски Сертификат за импероперабилност  (ТСИ Сертификат) и да биде извршен нејзин технички прием, согласно Техничката документација, од страна на МЖ Транспорт АД Скопје. До овој момент во МЖ Транспорт АД Скопје, се уште не е пристигната комплетната Техничка документација, а исто така локомотивата се уште не е обезбедена со тој Сертификат, велат од железничкото претпријатие.

Оттаму информираат и дека не е извршен  технички прием на пристигнатите две електро моторни гарнитури и четирите дизел моторни гарнитури, од пред четири години  поради тоа што се воочени одредени технички недостатоци, кои не го загрозуваат нивното учество во сообраќајот, при почнување на процедурата за технички прием. Станува збор за помал број на седишта, отколку што е во договорот. 

Во мај годинава од Железници на РСМ соопштија дека го обновиле возниот парк со нова електрична локомотива од кинеската компанија ЦРРЦ и оти за пуштање во сообраќај на локомотивата е добиено решение од Управата за сигурност во железничкиот сообраќај.

Локомотивата е дел од четирите електрични локомотиви што ќе пристигнат во текот на оваа година од производителот ЦРРЦ – Кина, а се дел од проектот за обновување на возниот парк на МЖ Транспорт АД-Скопје, финансиран од страна на ЕБОР и Владата, најавија тогаш од железничкото претпријатие.

Договорот за набавка на четирите електрични локомотиви беше потпишан во јануари 2017 година.

Според податоците од Железници на РСМ – Транспорт, во првата половина од годинава во домашниот патнички превоз имало 276 137 патници, а во истиот период минатата година се превезени 276 602.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »