речник контакт

Кинески класичен танц во Велешкиот театар

Ексклузивна можност за посетители да видат современ кинески танц, понеделник вечер

Петар Печков

Во понеделник, на 22-ри јануари, на големата сцена на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес со почеток во 20 часот ќе гостува танцовата претстава „ФЕН МО“ на Академијата за танц од Пекинг, Кина во рамките на Танцфест 2018.

Претставата „Фен Мо“ е класичен кинески танц инспириран од поговорката „Ако еден сликар користејќи го мастилото може да алудира на петте бои, тогаш тој ја знае есенцијата на сликањето, но никако не смее да се фокусира само на боите, бидејќи ќе се оддалечи од суштината“ од книгата “Записи за сликарството од сите династии” од Јан Јуан Занг од Танг династијата (618-907). 

Кореографот низ движењата на танчерите пробува да ја оживее уникатната естетска форма на кинеското сликарство. Начинот на кој што мастилото се соединува со оризовата хартија а воедно и неговото разградување во различни нијанси на светло и темно, мокро или суво, пригушено и интензивно, е ист со движењето на телото на танчерот: вдишувањето и издишувањето, во движење или мирно, брзо или споро, качувајќи се или паѓајќи. 

Во кореографијата се користат традиционални кинески елементи како „здив“, „штаки“, „коса“, „ракави“, „меч“, „лепеза“, „чадор“ и „фустан“ за да се пренесат чувства на пријателство, тага, огорченост, навреденост, извонредност, опуштеност и љубов во кинескиот спиритуален свет, во кои е содржана есенцијата на кинеската класичност.

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »