речник контакт

Киро Ќучук повторно започна со работа

Стотина, повеќето помлади врабтоени повторно с најдоа зад печктеи на цигланата

Петар Печков

По повеќе месечна пауза започна со работа велешката фабрика за цигли Киро Ќучук.  Фабриката која поради големи долгови кон доверителите, пред два месеци се спаси од стечај, повторно е пуштена во работа од почетокот на неделава. Работно се ангажирани стотина лица, повеќето млади,  откако  повеќето вработени поради  со години неисплатените плати си дале отказ. 

Претходно државата и ги одзема концесиите за ископ на земја, глина и варовник откако АД Киро Ќучук  не ја плаќаше  концесијата. Раководството на фабриката не соопштува како ќе го решава овој проблем со суровините, но и со блокираната сметка која не функционира од јуни 2006-тата. Вработените се радуваат што таа се рестартираше, но стравуваат дали ќе се повтори состојбата од последните три години, кога фабриката ќе работи и по неколку месеци ќе сопре. Ад Киро Ќучук која важеше за една од најголемите фирми во Велес вработуваше и 800 работника пред десетина години, за сега таа да изнесува 100 лица.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »