речник контакт

Книгата со афоризми и карикатури ,,Бричење на петелот,, промовирана во Велес

Во неа се поместени стотина афоризми и илустрации на карикатура, од ексјугословенски и македонски автори

Петар Печков

Во велешката библиотека беше промовирана  ,,Бричење на   петелот,, книга со илустрирани еротски афоризми.  Во неа се собрани повеќе  афоризми кои се со еротска содржина а се илустрирани со цртежи од македонскиот  карикатурист Јордан Поп Илиев, кој годинава слави  50 години творештво.  Книгата е работена по избор на карикатури и афоризми од велешанецот Димитар Вилазорски.

Успеав од овие две приказни да направам една,  која сигурно ќе ми се допадне на читателите.   Го собрав карикатури на  Поп Илиев и афоризмите кои ми беа на располагање и  од нив направив интересна книга. Прочитав илјадници  афоризми од афирмирани афористичари од поранешните југословенски простори   и ги вклопив со карикатурите. Застапени се афоризми од познатите автори  Ваљак, Чотриќ, Симиќ – Зокс, Кујунџиќ,  Николиќ. Има и од македонски автори Васил Толевски, Миле Ѓоргиевски, како и  од велешаните Живко Павлов и Атанас Крлевски. Споив две уметности карикатура и афоризам - рече уредувачот на книгата,  Вилазорски.  

Издавач на книгата е Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин ,, од Велес.    Дел од афоризмите се на мајчин јазик од авторите, српски, хрватски,бидејќи книгата  ќе се понуди и на тамошните пазари.  Македонските автори се пожалија дека се во незавидна ситуација, нема каде да ги пласираат нивните афоризми.

Остен не излегува подолго време и немаме сатирично списание. Затоа објавуваме по социјалните мрежи, има некои портали кои објавуваат. И тоа е малиот, стеснат простор каде може да работиме, иако ние сатиричарите внесуваме ведрина, позитивно во негативните работи во општеството што е водено и критика -  рече Марјан Ангеловски  од Скопје.

Негова највпечатлив афоризам кој го понуди за читателите е ,,Си го купив најскапото јаже за бесење, еднаш се живее,, и ,,Жена ми толку многу крчеше, што морав да ја убијам,Сега спие како заклана,,.   

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »