речник контакт

Книги создадени од детските раце

Во грдската библиотека Гоце Делчев, отворена изложба на книги, кои се создадени од децата од градинките од Велес

Петар Печков

 ,,Мојата прва книга, да им читаме на децата од најрана возраст,, е проект на детската градинка ,,Димче Мирчев,,  по кој повод се организира изложба  на книги, создадени од децата и нивните родители. Оваа изложба е резултат на трудот на децата од возрасната група од 4 до 6 години, корисници на услугите на градинката и е  по повод месецот на книгата. Учествуваат 360 деца со теми и книги блиски на нив.

Оваа  возраст на децата е вистински неповторлив период кога можеме да им создадеме љубов и доверба кон книгата. Колку порано се почнува да се негува читањето, толку резултатите ќе бидат поголеми. Една од поголемите причини е секако и заедничко поминатото време со нашите деца – вели Татјана Лазаревски Георгиева, директорка на Детската Градинка Димче Мирчев.

Книгите по завршувањето на изложбата која трае до 10-ти ноември и е сместена во Градската библиотека Гоце Делчев, ќе бидат повлечени во градинките каде децата ќе работат по нивните содржини.  Директорката најави дека наскоро во градинките во Велес ќе биде отворена и читалница за деца од предучилишна возраст, каде тие ќе можат во аудио и видео форма да ги проследат содржините наменети за нив.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »