речник контакт

Книжевната награда ,,Јован Котески,, за Игор Крајчев

Наградата се доделува на книгата „21“ на Игор Крајчев од Велес

Петар Печков

Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга и годинава ги доделија  наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“.

Добитници на наградите се Даниела Андоновска Трајковска, за збирката раскази „КАФЕ, ЧАЈ И ЦРВЕНО НЕБО“, односно Игор Крајчев, за поетската збирка „21“.

„Книгата „21“ на Крајчев е сликовит приказ на себството позиционирано во живото-просторот со модулација која тежнее да го досегне концептот на среќата. Тоа е мисловна визуелизација на комплексните игри сред шаховското поле на животот и смртта, чија зборовна репрезентација конструира самосвој дијаграм на опстој,“ – стои во образложението на жирито, во состав: Христо Петрески, Весна Мундишевска Велјановска и Витомир Долински.

Досегашни добитници на наградата „Јован Котески“ се Трајче Кацаров, Санде Стојчевски, Витомир Долински, Христо Петрески, Славчо Ковилоски, Зоран Пејковски, Зоран Јакимоски и Елена Пренџова.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »