речник контакт

Кога во 1997 година го пишувавме Правилникот за наградата на Лекарската комора „Св. Наум Охридски“, не ни помислував дека еден ден и јас ќе ја добијам, вели д-р Панче Арсов годинашен добитник

Во образложението за наградата, пишува дека д-р Арсов претставува синоним за доктор кој посветено и одговорно се грижи за своите пациенти

Петар Печков

Д-р Панче Арсов, специјалист интернист од Велес,   е добитник на годишната награда на Лекарската комора на Македонија за 2023 година „Св. Наум Охридски“. 

Тој ова признание на почетокот од месецов, го доби како доктор со богато професионално искуство,   за совесно и одговорно извршување на лекарската професија.

„Секое признание е некаков облик на сатисфакција за вложениот труд, напор, знаење, за се што е сработено во стручниот живот. Кога наградата  Св. Наум Охридски се востанови 1997, бев член на Извршниот одбор, кој го донесе Првилникот за нејзино  доделувањ. Но не помислував дека еден ден јас ќе ја добијам оваа награда. Таа е и еден вид на поттик за натамошно  работење, ангажирање“ – кажа д-р Арсов.  

Во образложението за наградата, пишува дека д-р  Арсов претставува синоним за доктор кој посветено и одговорно се грижи за своите пациенти и несебично дава поддршка на колегите во секојдневната комуникација но и преку организираното дејствување во Комората и стручните здруженија. 

Тој 45 години е во здравството, помал дел  минат во јавното а поголем дел во приватното. Прашан дели вредеше толку ангажман здравството, посветн на здравјето на пациентите,  дали работите се поместуваа во позитивна насока, тој оптимистички дава потврден одговор.

„Да се родам повторно, повторно доктор ќе бидам, 35 години интернист претходно доктор по општа медицина. Мојот свет, мојот живот е медицината, помагањето на луѓето. И понатаму сум член на тела на Лекарската комора. Следната година кога ќе мора да заминам, ќе најдам начин да останам во здрвството“-  вели д-р Арсов.

За семејната лоза најдобро зборува фактот што тој е син на д-р Цветко Арсов, доктор кој ја има дипломата бр.1 на Медицинскиот факулет од Скопје. По неговите стапки продолжуваат и синот и ќерката.

Оваа награда во 2000 година ја има добиено и д-р Стојан Кулејџиоски, исто така велешанец, тогаш доктор во Заводот за трансфузиона медицина Велес.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »