речник контакт

Кои нации се најголеми љубители на кафето

Во Македонија во просек се консумира ... кг по жител годишно. Најмногу кафе пијат...

Петар Печков

Според Интернационалната организација за кафе, Финците се наоѓаат на врвот на листата со 12 килограми по лице годишно.

Можеби станува збор за студениот скандинавски воздух и кратките денови што прават Финците да консумираат толку кафе. Замјите од северот, Норвешка, Исланд, Данска и Шведска се исто така големи консументи.

Во Велика Британија оваа количина изнесува 2,8 килограми годишно – или една шолја дневно и државата е рангирана на 46 место во светот.

Во Македонија се консумираат 4,2 килограми по жител годишно.

Еве ја листата на 20 земји кои се најголеми консументи на кафе на годишно ниво:
1. Финска – 12 кг
2. Норвешка – 9,9 кг
3. Исланд – 9 кг
4. Данска – 8,7 кг
5. Холандија – 8,4 кг
6. Шведска – 8,2 кг
7. Швајцарија – 7,9 кг
8. Белгија – 6,8 кг
9. Луксембург – 6,5 кг
10. Канада – 6,2 кг
11. Босна и Херцеговина – 6,1 кг
12. Австрија – 5,9 кг
13. Италија – 5,8 кг
14. Словенија 5,8 кг
15. Бразил – 5,5 кг
16. Германија – 5,5 кг
17. Грција – 5,4 кг
18. Франција – 5,1 кг
19. Хрватска – 4,9 кг
20. Кипар – 4,8 кг

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »