речник контакт

Кои се добитници на Општинските признанија за 9-ти Ноември за 2018 година

Кој ја доби наградата за животно дело Гемиџии а кој за нај студент ,,Ѓорги Шоптрајанов,,

Петар Печков

На Седницата на Советот на Општина Велес беа едногласно изгласани добитниците на наградата 9-ти Ноември,  кои се доделуваат за  придонес за развој и афирмација  на градот. Наградата за животно  дело Гемиџии ја доби  д-р  инг. Венцислав Грабулов велешанец кој живее и работи во Белград како научен советник

Наградата 9-ти Ноември плакета добија: плакети   Служба за превентива заштита на училишни и предучилишни деца, ,,Жито,, Војко Јаневски, д-р Љиља Поцкова, Игор Крајчев, ,,Хабитат,,  ,ООУ Благој Кирков,,  Кирил Вангелов,  Организација на  жени -Велес.

Благодарници добија  - Здружение на граѓани ,,Мобилност,, , Здружение на граѓани ,,Велес бајкинг,, 

Пофалници   добија организаторите на настанот  Мовембер во Велес, Спортско планинарско друштво ,,Зелен рај,,  Дејан Митров и Коста Тахов,   учениците Љубица Филипова, Теодор Ангелески,   Бојан Димовски, 

За најстуден наградата ,,Ѓорги Шоптрајанов,, ќе ја добие студентката на медицина при УКИМ  Тамара Савевска.

Наградите ќе бидат врачени на свечената седница која ќе се одржи на 9-ти Ноември. 

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »