речник контакт

Кои се најмоќните војски во светот

Најновото истражување на воената сила на земјите, ги откри 11-те најмоќни армии на светот. САД, Русија а кои се другите?

Петар Печков

1 САД -Буџетот на Америка за војската е 612 милијарди долари. И покрај сите кратења на буџетот, САД трошат повеќе од останатите десет земји заедно. Најголемата предност во конвенционално вооружување е во морнарицата. САД има 19 носачи на авиони, додека останатите десет земји имаат „само“ 12. Нејзината сила лежи и во авијацијата која е најголема на светот. Тука, секако е и добро обучената човечка сила, а САД има и најголем нуклеарен арсенал на светот.

2 Русија- По нешто повеќе од две децении по распадот на СССР, Руската воена сила повторно расте. Буџетот за војската, во однос на 2008 година, се зголемил за третина. Очекуваниот раст во наредните години треба да биде 44% во однос на денешниот. Сегашниот воен буџет на Русија изнесува 76,6 милијарди долари. Моментално има 766.000 активни војници, плус резервниот состав кој брои 2.485.000 војници. Русија има најголем број тенкови-15.500.

3 Кина-Според официјалните податоци, Кина има воен буџет од 126 милијарди долари. Активни војници има 2.285.000, додека резервите изнесуваат 2.300.000 лица. Кина е успешна во „крадење“на чувствителна и модерна технологија, како нивното скорешно интересирање на Ф-35.

4 Индија-За сега, Индија троши 46 милијарди долари за војската, а има најголем увоз на воена опрема. Индија поседува балистички проектили кои можат да ја погодат секоја точка во Пакистан, и мнозинството места на територија на Кина.

5 Велика Британија- Оваа земја планира редуцирање на вооружените сили за 20% до 2018 година. Буџетот за војската изнесува 54 милијарди долари. Британија има во план во 2020 година да го стават во служба носачот на авиони „Кралица Елизабета“, чија палуба има површина од 4,5 хектари, која ќе може да носи 40 Ф-35Б.

6 Франција- Франција ги замрзна издвојувањата средства за армијата уште во 2013 година, за да штеди за напредна технологија. Оваа земја троши 43 милијарди долари на војската.

7 Германија-Силата на германската војска лежи во економската сила на земјата. Неодамна, Германија понуди воена помош за источните европски земји-членки на НАТО. Оваа земја троши 45 милијарди долари на армијата. Бројот на активни војници е 183.000, а резервниот состав брои 145.000 војници.

8 Турција-Моменталниот буџет за војската изнесува 18,2 милијарди долари, а се очекува износот да порасне за 9,4% во однос на минатата година.

9 Јужна Кореја-Оваа земја моментално троши 34 милијарди долари за одбраната. Во активен состав има 640.000 војници, а резервата брои 2.900.000 лица. Јужна Кореја има 2.346 тенкови и 1.393 авиони.

10 Јапонија-Средствата кои се издвојуваат за војската изнесуваат 49,1 милијарди долари. Активни во војската има 247.000 војници, и уште дополнителни 57.900 како резерва. Јапонија има 1.595 авиони и 131 бродови.

11 Израел- Во 2009 година, Израел издвои 18,7% од вкупниот буџет на војската. Воениот буџет изнесува 15 милијарди долари. Голем дел од буџетот се троши на воена технологија, како и на противракетна одбрана.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »