речник контакт

Кои се последните зборови на осудениците на смрт, пред погубувањето

Во Тексас ги снимиле последните зборови што ги зборуваат осудениците на смрт кога им даваат смртоносна инекција

Петар Печков

Оваа година во Тексас биле погубени девет затвореници. Еј-Би-Си Њуз ги објави нивните последни зборови кои ги снимила тексашката полиција.

Четириест и осумгодишниот Клајв Фостер, обвинет дека на својот цимер му помогнал во убиство на една жена, како и да го сокрие нејзиното тело во шума. До крај тврдел дека е невин, а бил погубен на 25 септември.

- Кога ќе ги затворам очите ќе бидам со татко ми. Господ е се, тој е мојот живот. Вечерва ќе бидам со него. рекол Фостер пред својата смрт, а потоа се свртел кон семејството на жртвата и им рекол: Не знам како ќе се чувствувате вечерва. Ќе се молам да се сретнеме во рајот.

Четириесетгодишниот Вејни Харис обвинет за убиство на пет луѓе, во 2002 година пукал во автоперална од каде три дена пред тоа добил отказ. Погубен е на 20 септември.

- Сакам да ви кажам дека ве сакам. Одам дома. Ќе бидам добро, не се грижете. Ве сакам сите. Господ да ги благослови „Тексас Ренџерс“, рекол пред да ја добие смртоносната инекција.

Педест и четиригодишниот Марвин Ли Вилсон го убил 21-годишниот Џери по нивна меѓусебна расправија.

- Подготвен сум. Боханхон, Пег и Ким, ве сакам. Сине, направи нешто со својот живот, живеј добро. Прегрни ја мајка ти и речи и дека ја сакам. Сите разбирате дека тука дојдов како грешник, а заминувам како светец. Исусе однеси ме дома. Господе, однеси ме дома. Не сум отишол уште. Ова сигурно е чудо. Јас сум чудо. Те гледам Рич. Не плачи сине. Ве сакам сите. Подготвен сум, рекол Вилсон. Погубен е во август.

Тиесет и тригодишниот Јокамон Л. Херн во 1998 година заедно со тројца пријатели му украл пари на 26-годишен маж, го киднапирал, а потоа 12 пати му пукал во глава и во горниот дел од телото.

- На своето семејство сакам да им порачам дека сите ги сакам и дека им посакувам среќа. Подготвен сум, рекол Херн. Погубен е во јули.

Дваесет и деветгодишниот Бенк Адамс убил продавач во продавница кој сакал да го ограби, а потоа се обидел да киднапира две жени.

- Прво, на мојата мајка сакам да и кажам да не плаче. Нема причина за солзи, сите умираат. Сите имаат свое време, не се грижи за мене, јас сум цврст. На моето семејство: на тато му е жал, ве сакам сите. На мојата жена: Те сакам. Горд сум на сите вас. Навистина ве сакам, тоа биле последни зборови на Адамс, кој бил погубен до април оваа година.

Четириест и седумгодишниот Џеси Џое Хернандез убил 11 месечно бебе. Детето и неговата постара сестра ги удрил со батерија додека ги чувал.

- Кажете му на мојот син дека многу го сакам. Господ да ве благослови сите. Ќе продолжам да одам со Господ. Чувствувам дека инекцијата почнува да делува. Не е лоша, рекол Хернандез кој бил погубен во март.

Кит Стивен Тармонд ја убил својата поранешна жена и нејзиното момче.

- Се што сакам да кажам е дека сум невин. Не ја убив својата жена. Се колнам во Господ дека не ја убив. Ајде веќе, решете го тоа и ставете крај на се. Можам да ја почувствувам инекцијата, рекол Тармонд, кој бил погубен во почетокот на оваа година.

Четириеет и едногодишниот Џорџ Ривас убил полициска службеничка која се обидела да го спречи во грабеж.

- Подготвен сум. Прво се извинувам на семејството на полициската службеничка, не затоа што сум сега тука, туку затоа што конечно се ќе заврши. Верувам дека сте заслужиле да доживеете ваков крај. На мојата жена Шери, многу сум ти благодарен што беше дел од мојот живот и толку многу те сакам. Благодарам на мојата сестра, на пријателите, мојот син и семејството. Сите ве сакам. Благодарен сум на се во мојот живот. На мојата жена; грижи се за себе, ќе те чекам. Те сакам. Подготвен сум да одам, рекол Ривас, кој бил погубен во февруари.

Триесет и осумгодишниот Родриго Хернандез е првиот осуденик на смрт погубен во 2012 година. Тој киднапирал жена што ја видел на паркинг, се обидел да ја силува и на крај ја убил.

- Подготвен сум. Сакам на сите да им кажам дека ги сакам. Кренете ги главите горе. Сите ние сме семејство, луѓе на моќниот Господ, подготвен сум, рекол Хернандез.

текстот е преземен од index.hr - Загреб

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »