речник контакт

Кои се стипендијантите на општината а оваа учебна година

По осум стипендии за талентирани ученици и студенти, сите со висок просек на оценки

Петар Печков

Локалната власт ги објави имињата на талентираните ученици и студенти кои ќе добиваат стипендија  за учебната 2014/5 година. 

Ирена Христова, 4 година при СОУ „Гимназија Кочо Рацин”; Тања Славева, 4 година при СОУ „Гимназија Кочо Рацин”;  Симеон Иванов, 4 година при ДМБУЦ „Илија Николoвски – Луј”; Игор Кузмановски, 4 година при СОУ „Гимназија Кочо Рацин”; Стојанче Ѓорчевски, 4 година при ПСУ „Јахија Кемал”;  Стефани Горчевска, 4 година при ПСУ „Јахија Кемал”;  Надица Мицевска, 3 година при ССОУ „Димитрија Чуповски” и  Елена Најдовска, 4 година при ССОУ „Димитрија Чуповски”.

За студенти стипендиајнти за учебната 2014/2015 година се избирани:   Страхил Тодоров, запишан 9 семестар при Универзитет „Гоце Делчев” Штип – медицински науки со просек на оценки од 9,8;   Кирил Дончов, запишан 5 семестар при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје – историја на уметноста и археологијата со просек на оценки од 10,0;  Даниела Иванова, запишан 3 семестар, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје – Технолошко – металуршки факултет Штип со просек на оценки од 10,0;  Надица Шкрекова, запишан 3 семестар при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје – Медицински науки со просек на оценки од 9,8; Маријана Шупевска,  запишан 3 семестар при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје – Економски науки со просек на оценки од 9,8;    Марија Најдова, запишан 3 земестар при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје – Информатички науки и компјутерско инжењерство со просек на оценки од 9,76;   Александра Тодорова, запишан 9 семестар при Универзитет „Гоце Делчев” Штип – медицински науки со просек на оценки од 9,64;    Катерина Стојанова, запишан 3 семестар при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје – Филолошки науки со просек на оценки од 9,66.

Висината на стипендијата за талентираните ученици изнесува 1.500 денари месечно се исплатува девет месеци во текот на учебната 2014/2015 година, додека за студентите овој износ е 2.000 денари.  Поради големиот интерес од локалната власт најавија дека за следната година ќе го зголемат бројот на  доделени стипендии а ќе се вметнат и другите услови, освен постоечките.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »