речник контакт

Коледе, некогаш и денес, од велешките пензионери

Коледе е можност да се соберат соседите, пријателите и дружат во пријатна, пред Божикна атмосфера

Петар Печков

И пред половина век  и повеќе и денес, по велешките маала се одбележува Коледе. Иако црквата не го признава и прифаќа, со објаснување дека тое е пагански  а не верски обичај, велешани масовно го одбележуваат.  На повеќе локации од градот се палат коледарските огнови,а вечерва  ТРМР го посети Коледе пред Пензионерскиот дом. Причина што таму имаше токму луѓе кои можат да раскажат како било некогаш и како е денес.

Памтам кога Коледе правевме во Населба,  на улица Киро Ќучук, беше со жива музика, зурли и тапани, пееме и играме.  Јас сум од Кадрифаково,  таму немаше Коледе, ама во Велес, имаше. Се пееја мрсни песни.  Вакво нешто нема на друго место. Јас сум била во Италија, во Германија. Сум била на Октобер фест, кригли пиво каде се пијат - вели  Драгица Петрушева

Јас како дете израснав во село  Бањица.  Како деца памтам дека се палеше оган кој требаше да бдие висок 3-4 метри, со многу дрва, суровици. Гореше од вечер до сабајле.  Се пееја мрсни песни и немаше страм. Ние децата слушавме.  Беше пред 55 и фазла години.  Се собирааа стари млади а повеќе мажи, жени немаше. Сабајлето децата одат по куќи, машките напред, оти останало од Турците, кои ги колеле машките деца, и сега тие први да одат,  ние женските по нив. Сите со торбичиња и со коледашки. Даваа ораси, коштани, бонбончиња,  кромпири варени. Мрсно немаше.  Кога одевем со коледашките, во куќи каде имаше жар, мававме во него, искри летаа. Оваа вечер имаше кисел расол, тоа за мезе, се јаде, се пие и пее. На Бадник, тогаш се правеше само посна сарма, зелник со праз и ориз и баклава и париче со лепче.   На тој што ќе му се паднеше му даваа пари. Ни делеа костени, ораси, круши, и софата се креваше и со метла не се метеше. Тогаш ни беше поинтере

сно - Наумова Марица. Нејзината пријателка Мирјана која во Велес дошла како 18 годишно девјоче за прв пат го сретнала овој адет тука, бил интересен. Кај нејзе во Србија такво нешто не помни.

 Јас израснав во Дворови. Е тоа беше Коледе, пламен, огин од небо, друштво. Многу убаво беше. Обавезно посна сарма, топла ракија, вино. Не се пееја мрсни песни. Јас сум од Кочани, и таму беше ептен интересно - вели  Станка.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »