речник контакт

Колосеумот се навали 40 сантиметри

По Кривата Кула во Пиза сега и Колосеумот се криви. Чудни се овие италијанците!!

Петар Печков

Освен што од римскиот Колосеум паѓа малтер и камења, сега почна и да се навалува на страна, како Кривата кула во Пиза, а долго најавуваниот проект за итна реконструкција повторно се одложи. Почетокот на работите треба наводно да биде во декември.

Речиси 2000 години старата арена за борби на гладијатори, една од најатрактивните и најпосетените римски древни градби, се навали, т.е. пониска е за 40 сантиметри на јужната страна во однос на северната, веројатно поради пукнатина во темелите, што ја зголеми загриженоста дека сосема ќе се распадне.

Можни се повеќе причини за навалувањето: грешка во оригиналната конструкција, иако 40 сантиметри се премногу за нешто такво, или проблем со темелите. Состојбата ќе се следи за да утврдиме дали навалувањето се зголемува, но не е загрижувачки - вели Росела Реа, директорка на компанијата која се грижи за Колосеумот, едно од ремек делата на римската архитектура.

Задача да ги истражат причините за навалувањето на древниот амфитеатар добија Италијанскиот институт за геологија и римскиот Универзитет Ла Сапиенца, а нивниот извештај се очекува за една година.
Професор Џорџо Монти од Универзитетот Ла Сапиенца смета дека проблемот може е во темелите и плочата под амфитеатарот.

Во бетонската плоча на која лежи Колосеум која е 13 метри можеби постои пукнатина - вели професор Монти, додавајќи дека можеби ќе треба интервенција на стабилизација како тие на Кривата кула во Пиза, но сеуште е прерано да се зборува за тоа какви работи ќе треба да се преземат.

Во март требаше да почне тригодишна реконструкција на Колосеумот, каде за една четвртина ќе се зголеми просторот за посетителите. Меѓутоа, работите беа одложени за јули, а сега се зборува за декември, а можно е да не почнат ни тогаш.

Бројот на посетителите на Колосеумот од еден милион годишно во последната деценија се зголеми на околу шест милиони годишно, благодарение најмногу поради филмот Гладијатор на Ридли Скот од 2000 година, во кој главната улога ја толкува Расел Кроу, а главната арена на борбите е Колосеумот, иако сцените не се снимени во него.

текстот е преземен од Слободна Далмација - Сплит

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »