речник контакт

Конечно вода за жителите на населба Порцеланка

Догодина ќе се реши и проблемот со отпадните води

Петар Печков

 По деценија  чекање и снабдување со вода со цистерни, жителите на населбата Порцеланка добија вода за пиење.  Така е решен проблемот стар деценија и повеќе. Тој се создаде по затворањето на фабриката за порцелан, од каде жителите на населбата добиваа квалитетна вода за пиење. Со престанокот на работата,  престанаа да добиваат и вода.  Долги години тие се обидуваа да го решат проблемот, до  денес безуспешно.

 Двајца претходни градоначалници ги молевме да ни донесат вода, тие не не есапеја, не не сметаа за живи. Многу сме благодарни што се реши овој проблем.  Сега конечно се реши водоснабдувањето  и можеме да пиеме и користиме вода од водовод -  рече  Сафет Мехмедовски. Тој е еден од 30-тината жители на десет семејства, кои живеат во населбата, спроти фабриката, до регионалниот пат Велес - Богомила. 

Оваа вода значи живот за нас жителите. Моите деца се иселија во Велес и Превалец оти тука немаше услови за  живот.    Погледнете ги овие туби, видете колку е жолта водата, ете таква ние употребувавме, пиевме, миевме - рече   Јагода Чаушева.  која во населбата живее пет децении.  Нејзиното мислење го дели и Драгица Кузманова кои се среќни што нема повеќе да перат на рака. 

  Денес ја завршивме обврска на Општина Велес, на овие луѓе да им донесеме вода. Проблемот е наследен но решен.   Досега со цистерни од Дервен им носевме вода, два пати неделно во текот на летото и еднаш во текот на зимото, но тоа не беше решение. Еве сега донесовме водоводен систем  - рече градоначалникот Славчо Чадиев. Тој најави дека наскоро во првите три-четири месеци ќе се реши и проблемот со водоснабдување на село Црквино, каде е во тек изградбата. 

 Инвестицијата е 400 илјади денари.   Локалната власт донесе вода до пумпната шахта а од таму до домовите семејствата имаат обврска сами да ја дистрибуираат и постават нови цевки.  Бидејќи постојните не биле користени повеќе од десет години,  и биле запуштени, било потребно да се постават нови. Ова е обврска на семејствата и тие веќе започнаа да ги поставуваат цевките.   Жителите  побараа решавање на проблемот и со канализацијата а градоначалникот  Чадиев, вети дека тоа ќе се реши следната година. 

  Населбата Порцеланка води потекло од 50-тите години на минатиот век. Таму живееле работниците кои ја граделе фабриката. по нивното заминување од објектите била населени од вработени во Порцеланка  или од други лица. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »