речник контакт

Конечно кожен лекар се враќа во Болница, хируршките амбуланти работат и попладне за Мој термин

Започна и обновата на физикалното одделение

Петар Печков

Во Општата Болница во Велес по две годишна пауза се враќа кожниот лекар. Тој започнува со работа од почетокот на наредниот месец Така велешани повеќе нема да мораат да патуваат до Скопеј  за најмали здрвстени проблеми од овој вид.

Од почетокот на наредната година се враќа на работа и специјализантот кожен лекар, кој го финансираше велешката Болница така што ќе има од тогаш  ваков специјалист кој ќе одговори на потребите на пациентите,  во две смени. Новина е што пациените кој имаат потреба од хируршки преглед, ќе можат да договорат посета за така наречаниот ,,мој термин,,  и во попладневните часови, во работните денови.

Пацинетите ќе можат да закажат за хируршки специјалистички преглед   и во попладневните часови, така што нема да има потреба да заминат од работното место, ако работат само претпладне. Така излегуваме во пресрет на голем број пациенти и се растоварива на овој начин работата на лекарите. Освен хирургија,  во ,,Мој термин,, во две смени работат и Интерно, Инфективно, Нервно, Детско така што  повеќето  од услугите на нашата Болница се подостапни за велешани – рече директорот д-р Атанас Василев.

Од понеделникот започна да се реновира и  Физикалното одделение, кое треба да биде завршено според обврската на изведувачот, за два месеци, до крајот на годината. Лежечките пацинети од таму се префрлени повеќето на Нервното одделение а нешто и на Ортопедија.  Ова било времено решение се додека не заврши реконструкцијата на старата зграда.

АНКЕТА »

Дали стравувате од корона вирусот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »