речник контакт

Конечно победа за ракометарите

Одбојкарите поразени во Струмица

Петар Печков

Екипата на ГРК Борец  ја забележа втората победа во Супер лигата. По дваипол месеци пост, повторно три бода, овој пат против екипата на Пролет 62. Скопјани се поразени со 30:25, полувреме 17:14. Велешани постојано во водство, највисоко во финишот  кога водеа со 29:21. Ордев со 9 и Димитриевски со 8 гола беа најефикасни кај домаќините  додека кај гостите Андоновски, Стојановски и Василевски постигнаа по пет. По  ова деветто коло, со кое заврши првиот дел од првенството Борец е 8-ми од десет екипи со осум бода. Во следното коло, среда повторно во салата Гемиџии ГОК Борец го пречекува Радовиш кој е  шести со 13 бода.  

Се одигра и второто коло од Прва одбојкарска лига, а во дербито ГОК Боец во Струмица загуби од истоимената екипа со 3:1. Велешани одлично почнаа го освоија првиот сет, но тука завршија. Понатаму домаќините  подобри и ги освојуваат трите сета редум и победуваат. Во сабота Борец ја пречекува екипата на Лирија

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »