речник контакт

Конечно проработе театарот во Велес

Со претставата „Стрип Шекспир“, во режија на Коле Ангеловски, синоќа Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, по половина година спуштена завеса, повторно...

Петар Печков

Со претставата „Стрип Шекспир“, во режија на Коле Ангеловски, синоќа Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, по половина година спуштена завеса, повторно ја крена. Театарот вработи пет нови актери, а решен е и проблемот со техничкиот кадар.
 
„Стрип Шекспир“ беше премиерно изведена пред пет години, а играат Васил Зафирчев, Зоран Љутков, Зорица Панчиќ. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Раде Василев, кореографијата на Кренаре Невзати, а музиката на Димитрие Бужаровски.

Актерите Едмунд Сотир, Кети Боризовска, Самуил Стојановски, Игор Ангеловски и Маја Настевска станаа дел од ансамблот на овој театар.
 
- Министерството за култура си го одржа дадениот збор и овозможи да се вработат 14 лица, од кои пет се актери и девет технички персонал. Така се исполнија минимум услови во кадровскиот дел за да може да играме претстави и да функционираме како театар - изјави директорот Јордан Витанов.
 
На репертоарот ќе се најдат и „Железното пиле“ на Благоја Ристески-Платнар, „Дон Жуан“ на Молиер, а се работи и на првата премиера за годинава, која најверојатно ќе има премиера кон крајот на април. Станува збор за дипломската работа на Никола Ристов, кој ќе го постави текстот „Проклетството на изгладнетата класа“.
 
Проблемите во велешкиот театар настанаа зашто на дел од актерите и техничкиот персонал во септември минатата година им истече договорот со Министерството за култура.
 
Со решавањето на проблемот во театарот, културниот живот во Велес го надмина проблемот со слабата културна понуда, зашто не работи ни градското кино поради проблеми со сопственоста на салата.

Единствената понуда од културата во минатите неколку месци, во градот беа ликовните изложби што ги организираше Народниот музеј.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »