речник контакт

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017-8 година

Се бараат предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2017 година

Петар Печков

Локалната власт го објави конкурсот за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година/ Ќе се доделат по 10 стипендии за ученици во висина од 1,5 илјади денари и за студенти во висина од 2 илјади денари.  

Ќе се исплатуваат за девет месеци. Кандидатите треба да се редовни ученици и студенти,  кои освоиле награди  на државни и меѓународни натпревари од областа на науката,техниката и спортот, да се жители на Општина Велес и  државјани на Република Македонија. Рокот за поднесување на документите е  до 20 декември годинава. 

Истовремено Општина Велес покрена  иницијатива за прибирање предлози за доделување награда за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2017 година. Таа се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите на некој од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство.

Студентот треба да е жител на Општина Велес, да има просечен успех во текот на целото студирање од најмалку 9,5 , освоени награди на државни и меѓународни натпревари, објавени стручни трудови од областа за која се оспособува, учество на државни конгреси или проекти  и на меѓународни конгреси или проекти.

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »