речник контакт

Контролни натпревари футсал Македонија - БиХ во Велес

Се играат в среда и четврток во салата Гемиџии

Петар Печков

Македонската футсал репрезентација ќе одигра утре и задутре два контролни натпревари со селекцијата на Босна и  Херцеговина. Ќе се играат во салата Гемиџии во Велес со почеток во 20 часот.  Со ова започнуваат подготовките за македонските репрезентативци за квалификациите за Европското првенство кој во 2016-та ќе се одржи во Србија.

На овие два натпревари  ќе ја воигруваме екипата, во неа повикав четири млади играчи од селекцијата до 21 година.  Иако се контролни овие средби, очекувам дека ќе продолжиме со добрата серија, добрите игри и резултати – изјави Васко Скендеровски селектор на репрезентацијата на Македонија во футсал. 

Нашите репрезентативци улогата фаворит ја препуштаат на гостите. Тие во средината на септември ќе играат бараж натпревар со Холандија за пласман на ЕП во Белгија.

Иако сме пред важен двомеч, недостигаат репрезентативците  на  клупскиот шампион, кој се подготвува за квалификациите за Лигата на прваците. Но без оглед на се ќе ги искористиме овие  две средби за што подобро да се уиграме – изјави Боро Матан селекторот на репрезентацијата на Б и Х.  Влезот и за двете средби е бесплатен.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »