речник контакт

Концертот на групата Соната настан на годината

Според посетителите на ТРМР овој концерт ја одбележа 2010-тата година

Петар Печков

Со 36 отсто од гласовите убедливо победи за настан ана годината концертот на групата Соната кој се одржа на 10 јуни, лани во Амфитеатарот на Младинскиот парк пред илјадна публика.

Потоа со 16’ гласови следи чинот на собирање пари кога велешани сами ги собраа средствата за да продолжи судскиот спор Велес против државата. На третото место се најде Питијадата која лани се одржа на нов простор и нов термин со 13 отсто гласови, што ќе рече дека велешани го прифатија новиот концепт на манифестацијата. 11 отсто гласови собра засадувањето ан 7 илјади рози и на тој начин чистењето на велешката почва од тешките метали што за прв пат се случува на Балканот.

9% гласови освои одржувањето на Девис куп натпреварот помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина кој се одржа во салата Гемиџии. Обновувањето на Вардарската Регата ,,Гемиџии,, освои 6 отсто гласови додека 5 % гласови припаднаа на децата од градинките во Велес кои го нацртаа најдолгиот цртеж во Македонија. Ова беше вашиот избор почитувани посетители на ТРМР со повеќе од 500 гласа. Можеби имате и друг фаворит, но тоа беше изборот на тие што гласаа.

Патем минатата година најмногу посети имаше  веста дека Томче фризерот пропеа со 1050  кликнувања. И натаму најчитани се вестите од црната хроника, додека најмалку вестите поврзани со христијанските празници.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »