речник контакт

Концерт на тамбурашкиот оркестар Равница

Вторник вечер Амфитеатар Младински парк 20,30 часот. Со што ќе настапат во Велес?

Петар Печков

Тамбурашкиот оркестар Равница од Суботица, Војводина вторник вечер ќе одржи концерт на отворено во Амфитеатар Младински  парк  со почеток во 20,30 часот. 

Составот постои од 1992-та година  и негува традиционална тамбурашка музика.   Репертоарот кој ќе го свират  на концертот во Велес се состои ид староградски и народни песни,  поп –рок хитови од просторот на некогашна Југославија, и странски поп  рок нумери. 

Составот го сочинуваат седумина музичари  Емил Антиниќ вокал, акустична гитара и басприм, Бранко Иванковиќ  Радаковиќ хармоника, Никола  Јарамазовиќ   вокал и басприм,   Марио Тиквички чело, Кристијан Вуковиќ басприм, Јосип Пекановиќ контрабас, Миросалав Кујинџиќ бас. Дел од концертот ќе бидат и следните нумери: 

Осам тамбураша Петроварадина, Кад имаш друга, 24000баци Адријано Челентано, Месаме мучо, Подмосковске вечери, Черге, леле Врањанка, Да те моги писмом звати,  Цреша, Марина (Прљаво Казалиште), Ламбада,  Twist and shout, Blue Suede Shoes (Elvis Presley) , Rock Around The Clock (Bill Haley), не спавај мала моја (Бијело дугме), Ѓелем ѓелем.

 Концертот на Равница е во рамките на Топлиот културен бран, организиран од Општина Велес и Министерството за култура.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »