речник контакт

Концерт на 4 АСА

На 20-ти мај, сабота навечер во дискотеката Даунтаун ретка можност за добра забава.

Петар Печков

На 20-ти мај, сабота навечер во дискотеката Даунтаун ретка можност за добра забава. Концерт ќе одржи загребската атракција 4 АСА, во која членуваат пеачот на Дивље Јагоде и Бијело Дугме Ален Исламовиќ, гитаристот и вокалот на Сребрени крила Владо Калембер, клавијатуристот на Нови Фосили и авторот на нивните песни Рајко Дујмиќ како и Јурица Паѓен гитаристот на Аеродром. Како тапанар демек петти член е Славко Пинтариќ од Сребрени Крила. Што свират и пејат, одговор нумери од овие 4 групи. 4 АСА беше ептен популарна во Хрватска, Словенија , БиХ и Србија минатата година, шанса и велешани да ги видат поранешните ѕвезди на ЈУ сцената, но и да ги слушнат Ружица си била и Хајмо у планине од Бијело Дугме, Милена генерацијо моја, Кошула плава, За добра стара времена од Нови фосили, Фратрело и Шта си ми у каву ставила од Аеродром, Закуни се љубави, Ја нисма коцкар али губим од Сребрени крила, Мотори, Криво је море, Једина моја од Дивље јагоде и многу други. Тие имаа преполна сала на спортовите во Загреб минатата година, ај да видиме како ќе биде во Велес.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »