речник контакт

Корисниците на социјалните станови се премислија, најголем дел ги земаа под закуп

Откако станарите се жалеа на високата цена, во последен момент одлучија да ги користат со плаќање станарина. Од 144, 137 станари ги продолжиле договорите

Петар Печков

Најголемиот  дел од станарите на т.н. социјални згради во Велес  решиле да ги земат под закуп становите каде живеат осум години. Наспроти нивните реакции дека цените се високи, дадени пред завршувањето на рокот за откуп или закуп, тие во последен момент одлучиле сепак да  ги користат  и натаму.  

Така од 144 социјални станови во Велес, само еден решил да го откупи,  а дури 137 одлучиле да склучат договор за закуп. Шестмина станари одлучиле да се иселат и тие не потпишале никаков договор со АД за стопанисување со станбен и деловен простор, од посебно значење за Македонија.  На само седум дена пред истекот на рокот, од 144 станови помалку од половина само 62 лица имаа склучено договор за закуп. Во последните десетина денови станарите решиле дека најдобро за нив, е да продолжат да живеат под кирија. 

 Во овој момент не можам да го откупам и ќе го земам под закуп, толку сум моќна. Можеби децата ќе успеат да го купат. Живеевме под кирија и овој сегашниот за нас е значаен  и добро решение - вели Фросина Ѓоргиевска, една од 137-те сопственици кои го продолжија договорот за закуп.

 Станарите се жалеа на висината на  цената за откуп, која беше околу 600 евра по квадрат, која за нив е иста како и цената на комерцијалните станови во центарот на градот, кои се новоградби.  Во Велес беше најслаб интересот во земјава, за овие социјални станови а високата цена директорот на АД ССДП  Цветко Грозданов   ја оправдуваше, што тука биле градени по високи стандарди.  

Висината на закупнината на становите е во зависност од вкупни примања во семејството и е поделена  во три категории. За прв пат со Одлука на Владата лицата кои се од  категоријата социјално загрозени, кои за тоа ќе треба да донесат и валидна документација, се ослободени од плаќањето станарина -изјави при неодамнешната посета на Велес директорот Цветанов.  Во Велес такви има 6 семејства. Што се однесува до општествените станови во градот,   сопствениците на сите 20 решиле да ги откупат. 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »