речник контакт

Коцевски одговори на шпекулациите - не се повлекувам од функцијата

Нека бидат безгрижни сите што ме поддржуваат со чест и одговорност продолжувам да работам - порача Коцевски

Петар Печков

Одговарајќи на новинарско прашање дека од лични причини ќе се повлече од функцијата  градоначалник, што како информација кружи низ градотпоследните денови, Коцевски се насмеа и демантираше. 

Сакам да ги прекинам сите шпекулации кои стигнаа и до мене.  Не знам од каде излегуваат  тие муабети и колку злоба има во тие луѓе. Мора да се длабоко несреќни во себе,  кога си поигруваат со човечки судбини. Никогаш  не сум помислил да се откажам ода функцијата градоначалник, мојата здравствена  состојба е многу добра и со голем ентузијзам ја извршувам истата, повеќе од тоа што е предвидено како работно време. Нека бидат безгрижни сите што ме  поддржуваат  со чест и  одговорност продолжувам да  работам - порача Коцевски.

АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »