речник контакт

Коцевски - Велес да биде посакувана општина за живеење, просперитетна и економски развиена

Мојата визија е Велес пак да биде најдобра Општина во Македонија, со нулта корупција, со брзи, навремени, достапни и квалитетни услуги за своите граѓани, со квалитетно образование, социјална сигурност

Петар Печков

Мојата визија е Велес да биде убава, посакувана општина за живеење, просперитетна и економски развиена. Отворена, европска општина, со високи вредности и стандарди, современа, напредна општина, со достоинствен живот. Општина по мерка на своите граѓани, во која граѓаните ќе бидат во центарот на вниманието, со нивните барања, потреби и проблеми, општина со која сите граѓани ќе се гордеат. Општина на задоволни и среќни граѓани, која ќе ги користи сите креативни и интелектуални потенцијали во создавањето подобра иднина за новите генерации. Општина, во која младите ќе сакаат да останат, да создаваат и да ги градат својата сегашност и иднината.

ЖИВОТ ВО ВЕЛЕС ЗА ЗНАЧИ  И  ИНФРАСТРУКТУРА ВО ГРАДОТ ЗА СИТЕ :

•    Ја приспособуваме целата постоечка урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните.
•    Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина.
•    Новите локални власти носат планови и проекти  за патишта, улици, канализации, водоводи, градинки, училишта, спортски терени и гасна мрежа.
•    Ги намалуваме разликите помеѓу градските и селските средини.
•    Градиме по план, обезбедуваме инфраструктура за сите.


ЖИВОТ ВО ВЕЛЕС ЗА СИТЕ  ЌЕ  ЗНАЧИ ОТВОРЕНА И УСЛУЖНА ОПШТИНА ЗА СИТЕ :

•    Ја отвораме локалната самоуправа за да може секој граѓанин да добие навремени, квалитетни и евтини услуги.
•    Ја враќаме моќта на месните и урбаните заедници, ги опремуваме со технички услови и го зајакнуваме нивниот правен статус.
•    Граѓаните ќе ги добијат сите потребни услуги на едно место, и од органите на локалната, и од органите на централната власт.
•    Воведуваме електронски систем на услуги и мобилни канцеларии кои ќе нудат услуга во секое село.
•    Ги вклучуваме граѓаните во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта.
•    Буџетските средства ќе се користат строго  наменски, транспарентно, домаќински и одговорно, преку редовно известување за сработеното.
•    Обезбедуваме ефикасен јавен превоз, пријатни детски градинки, чисти и загреани училишта. Обезбедуваме поддршка и помош за најзагрозените семејства и за лицата со посебни потреби.
•    Ги поддржуваме и поттикнуваме сите демократски механизми како петиции, претставки, граѓански иницијативи, собир на граѓани и референдуми.
•    Воведуваме нов модел на отворена и услужна локална самоуправа, општина за сите.


Почитувани граѓани,
На самиот крај ќе споменам само неколку клучни капитални проекти, кои се обврзуваме да ги реализираме во нашата Програма :

1.    ГАСИФИКАЦИЈА НА ВЕЛЕС.
2.    РЕГУЛАЦИЈА НА ДЕЛ ОД КОРИТОТО НА РЕКАТА ВАРДАР.
3.    КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ И ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ФЕКАЛНИ ВОДИ ВО ВЕЛЕС.
4.    ГРАДСКИ ПАРКИНЗИ НАД ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ ПРУГИ ВО ВЕЛЕС.
5.    МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ НА ЦЕВКОВОДОТ НА ХИДРОСИСТЕМОТ ЛИСИЧЕ.
6.    РЕГИОНАЛНА ФАБРИКА ЗА ТРЕТМАН НА ЦВРСТИОТ КОМУНАЛЕН ОТПАД.
7.    ТРГОВСКО ДЕЛОВЕН ЦЕНТАР ГРАДСКИ ПАЗАР.
8.    КАТНА ГАРАЖА ВО ЦЕНТАР НА ВЕЛЕС.
9.    ТРАЈНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО СООБРАЌАЈОТ.

Нашата Мисија е Велес пак да биде најдобра општина во Македонија, со 0 корупција, со брзи, навремени, достапни и квалитетни услуги за своите граѓани, со квалитетно образование, социјална сигурност, со заштитена и уредена животна средина, со соодветни сообраќајни решенија и урбани пејзажи, што ќе му ја вратат убавината на градот – стожер на македонската култура и преродба. Тоа ќе го постигнеме со високи етички стандарди, со чесно, одговорно и домаќинско работење, со голема љубов и посветеност

комерцијален  текст

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »