речник контакт

Кошаркарите на Борец итаат кон Втората лига

Велешани лидери на полу-етапата

Петар Печков

Екипата на Борец Баскет е прва во   првенството на Третата кошаркарска лига. Минатиот  викенд велешани ги продолжија настапите во оваа конкуренција, со надеж дека ќе останат на ова место и од есен ќе играат во повисок ранг.

Тие во конкуренција на седум  екипи  се први со еден пораз а зад нив се екипите на Михајловски и Баскет Дино, со по два загубени натпревари. Првите две екипи одат во Втора лига.  Помеѓу овие три екипи ќе се бараат и патниците во повисок ранг. Голем хендикеп за Борец е што поради повреда нар акта нема да настапува најдобриот кошаркар Петар Виларов.

Се надеваме дека и без него ќе обезбедиме пласман во Втора лига. Имаме квалитет за тоа. Од овие кошаркари очекуваме дека ќе имаме нов репрезентативец како Тасовски и Брчков. Клубот работи благодарејќи на финансиската помош на единствениот спонзор Марио Брчков – вели тренерот Ангел Љутков. 

 Во клубот работат уште три селекции: генерација 96/97, генерација 98/99 и генерација 2000/1. Екипата тренира и натпреварите ги игра во салата на  училиштето Коле Неделковски.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »