речник контакт

Кошаркарите на Европско првенство во Полска

Со победата од 87:75 над селекцијата на Естонија, македoнската репрезентација се пласираше на завршницата на Европското првенство во кошарка што следниот септември, од 7-ми до 20-ти 2009, ќе се одржи во Полска.

Петар Печков

Нашата селекција на крајот од квалификациите го освои првото место во групата, пред Летонија, Португалија и Естонија. Ова ќе биде второ учество на кошаркарите на ЕП, откако пред 10 години беа во Франција.

Догодина Македонија се најде во друштво на Полска, Русија, Шпанија, Литванија, Грција, Германија, Хрватска, Словенија, Србија, Турција, Бугарија, Велика Британија, Летонија, Израел и една селекција која дополнително, преку нови квалификации ќе обезбеди виза за првенството.

Првата фаза од првенството ќе се игра во Варшава, Вроцлав, Познањ и Гдањск, додека натаму средбите  ќе се играат во Бидгошќ и Лоѓ, додека финалето е во Катовице.

\"\"

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »