речник контакт

Која година е всушност

На Тајланд е 2561 година, во Израел е 5778 година, во Пакистан е 1439 година, во Иран е 1396 година, во Кина е 4716 година... Различни земји користат различни календари

Петар Печков

Која година е? Прашањето не е така едноставно како што звучи. Се е релативно. Луѓето направиле календари за мерење на времето, но времето е краткотрајно, не може да се фати, а одбројувањето не може да се означи. Овде почнува компликуваното. Како да се пронајде почетокот? Од кога да сметаме?

Различни земји користат различни календари. Многу календари постојат и денес, а постоеле и низ годините, но дури и тие може да ја почувствуваат сета релативност и минливост на времето. Во сите делови на светот не е 2017 година, ниту сите луѓе ќе ја дочекаат 2018 година.

На Тајланд е 2561 година

На Тајланд 2018 ќе биде 2561 година. Официјално Тајланд живее според будистичкиот лунарен календар во кој хронологијата почнува од моментот кога Буда постигнал Нирвана. Меѓутоа тие исто така го користат Грегоријанскиот календар. Разликите често се направени за странци, а датумите на производите и документите се напишани според овој календар. Будистичкиот календар се користи во Шри Ланка, Камбоџа, Лаос и Мјанмар.

Во Етиопија е 2011 година

Етиопскиот календар е осум години зад „редовниот“. Тој има 13 месеци во годината, при што 12 месеци имаат по 30 дена, а последниот е многу кус и има само 5 или 6 дена во зависност од тоа дали годината е престапна. Исто така, нивниот ден не почнува на полноќ, туку со излегувањето на Сонцето. Етиопскиот календар се темели на античкиот календар на Александрија.

Во Израел е 5778 година

Хебрејскиот календар официјално се користи во Израел заедно со Грегоријанскиот. Сите хебрејски празници, денови на сеќавање, родендени се прославуваат според првиот. Месецот почнува со младата Месечина, а првиот ден во годината (Рош ашана) може да биде само во понеделник, вторник, четврток или сабота. За сето тоа да функционира, претходната година се продолжува за еден ден.

Хебрејскиот календар ја презема хронологијата од првата млада месечина која се случила на 7 октомври 3761 година пред христовото раѓање. Еден час во хебрејскиот календар се состои од 1080 делови , а секој од нив од 76 моменти.

Во Пакистан е 1439 година

Исламскиот календар се користи за одредување датуми на верски празници и како официјален календар во некои муслимански земји. Хронологијата почнува од Хиџра, датумот на преминувањето на пророкот Мухамед и првото иселување на муслиманите во Медина (622 година).

Овде денот започнува со заоѓањето на Сонцето, а не на полноќ. Почеток на месецот е денот кога полумесечината првпат се појавува после новата Месечина. Должината на годините во Исламскиот календар е за 10 до 11 дена покуса од соларната година, а месеците се движат во однос на годишните времиња. Тие месеци кои биле летни после некое време ќе бидат зимски и обратно.

Во Иран е 1396 година

Персискиот календар или календарот Солар Хиџра е официијален календар во Иран и Авганистан. Овој астрономски соларен календар бил создаден од група астрономи вклучувајќи го и познатиот поет Омар Хајаа. Хронологијата почнува од Хиџра, токму како и во Исламскиот календар, но се темели и на соларната година, поради што месеците остануваат во истите годишни времиња. Седмицата почнува со сабота и завршува со петок и тие се неработните денови.

Во Индија е 1939 година

Обединетиот национален календар на Индија е создаден не така одамна и претставен во 1957 година. Се темели на пресметките на Шака Ера (Шака Самват) древен хронолошки календар, кој е распространет во Индија и Камбоџа. Постојат и други календари во Индија кои ги користат различни нации и племиња. Некои хронологијата ја почнуваат од датумот на смртта на Кришна (3102 п.н.е), други почнуваат од доаѓањето на Викрам на власт во 57 година, трета група според Будтистичкиот календар ја започнува хронологијата со датумот на смртта на Гаутама Буда (543 година).

Во Јапонија е 30 година

Во Јапонија постојат две хронологии: онаа која почнува со христовото раѓање и традиционалната. Таа се темели на годините на владеење на јапонските цареви. Секој цар на својот период му дава име според мотото на своето владеење.

Почнувајќи од 1989 година постоеше „ера на мирот и тишината“, а престолот на царот Акихито. Претходниот период „просветлен свет“ траел 64 години. Во повеќето официјални документи се користат два датуми, еден според Грегоријанскиот календар и еден според актуелниот период во Јапонија.

Во Кина е 4716 година

Кинескиот календар се користи во Камбоџа, Монголија, Виетнам и други азиски земји. Хронологијата почнува од датумот кога царот Хуангд го започнал своето владеење во 2637 година пред Христа. Календарот е цикличен и се темели на астрономските циклуси на Јупитер.

Во рок од 60 години Јупитер проаѓа околу Сонцето пет пати, а тоа се пет елементи во кинескиот календар. Еден круг на Јупитер околу Сонцето трае 12 години, а годините се именуваат по животните. Претстојната 2018 (според Грегоријанскиот календар) ќе биде година на кучето.

Во Северна Кореја е 107 година

Календарот Џуче се користи во Северна Кореја од 8 јули 1997 година заедно со хронологијата според Христовото раѓање. Датумот на одбројување е 1912 година кога бил роден Ким Ил-сунг, основач на Северна Кореја и доживотен претседател на земјата. Годината на неговото раѓање е година прва. Не постои нулта година на овој календар.

При пишувањето на датумите се користат и календарите. Грегоријанската календарска година се пишува во заграда покрај годината според Џуче календарот. 

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »