речник контакт

Кој ги искрши металните столпчиња пред судот

Материјалната штета ќе ја плати сторителот на настанот, информираат од општината

Петар Печков

Не мало беше изненадувањето на велешани кои денес се движеа по улицата 8-ми септември, на тротоарот пред Основен суд Велес. Таму во должина од 20-тина метри, беа уништени сите метални столпчиња, кои локалната власт ги поставила за тротоарот да не се користи за паркирање.

 Сите се чудеа како е можно да се искршат  15 ,,П,, метални столпчиња,  иако на тротоарот имаше траги од автомобилско тркало. Одговорот го имаше велешката полиција во нивната информација пишува

,,Утрово во 3,30 ч. на улица 8-ми Септември, близу Основниот суд , 20 годишен жител на Велес, управувајќи патнички автомобил марка ,,БМВ,, изгубил контрола над возилото и удрил во метални заштитни столбови, поставени на тротоарот. Увидна екипа на СВР Велес изврши увид на местото на настанот,,.

 Од локалната власт на Општина Велес соопштија дека  наскоро ќе бидат постаени нови ,,П,, метални столпчиња на тротоарот  а  предизвиканата  материјална штета, ќе ја плати сторителот на инцидентот.

АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »