речник контакт

Кој колку доби во Велес, од Министерството за култура за проекти од национален интерес за 2021-ва

Три театарски премиери во велешки театар се поддржани со програмата, како и фестивалот на античка драма „Стоби“

Петар Печков


Велешкиот театар, како  Национална установа Центар за култура, оваа година доби средства за три претстави, но и за Фестивалот на античка драма Стоби.   Предвидена е да се постави  „Орестија“  во режија на  Софија Петрушева, Ненад Витанов, Александар Ивановски и за истата се предвидени 1,2 милиони денари, како и  „Четири соби“ во режија на   Синиша Ефтимов со 800 илјади и интередисциплинарниот проект „ Да се почне одново“ со   500 илјади денари.   За Фестивал на античка драма „Стоби“ од државата се обезбедени    еден милион денари. Ова се податоците од Министерството за култура за финансирање на годишни проекти во оваа 2021-ва година. За организирање и одржување на Рацинови средби 350 илјади денари доби Општина Велес.

Од другите културни институции во градот,  средства доби Библиотеката „Гоце Делев“ за  -  збогатување на книжниот фонд -  44 илјади  и за снимање аудио книги  30 илјади денари.  Народниот  музеј доби средства за седум проекти, четири се од музејската дејност -  „Увид и документација на споменици и спомен- обележја од НОВ на подрачјето на општините Велес, Градско и Чашка“ со   50 илјади,  „3д-реконструкција на археолошкиот локалитет Кале - Велес“ 150 илјади,  „Археолошко истражување на локалитет Кале, Стари Град“  150 илјади и  „Конзервација на камени споменици од збирката на ЛУ Музеј - Велес, II фаза“  110 илјади денари. Од изложбената дејност  добиени се средства за  изложбите „Метакосмија“, „Неславни приказни“ со  по 56 илјади   и изложба на карикатури  на тема „Ковид-19 “ од Миле Манчевски со   44 илјади денари.

За организирање на ретроспективна изложба на Петар Хаџи Бошков, НУ Стоби доби  1,5 милиони  денари. Оваа културна институција Археолошки локалитет Стоби за 14 проекти,од Министерството за култура обезбеди  7,2 милиони денари  како и за Набавка на опрема за складирање архивски материјал, музејска и теренска документација 343 илјади денари.

Од Министерството за култура, преку национални институции обезбедени се средства и за заштита на старата велешка архитектура. За идеен проект за реконструкција на две опожарени куќи во Варналиите 160 илјади денари, за  основен проект за конзерваториско - реставраторски работи на куќа на ул. Вера Циривири бр.21, куќата на Аликара,  обезбедени се  80 илјади денари, за конзерваторско -реставраторски интервенции на куќата на Петар Поп Арсов во  Богомила, Општина Чашка 400 илјади, за конзервација и реставрација на иконописот од поствизантискиот период (16 - 18 век) 100 илјади денари и за конзервација и реставрација на sидното сликарство на манастирската црква „Св. Димитрија“, под Кале, 550илјади денари.

Средства со годишната програма доби и Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес, за повеќе проекти и содржини. За стрип акција во Скопје 49 илјади, за годишниот стрип конкурс   107 илјади.  Македонскиот стрип центар со седиште во Велес за четири стрип изданија, Македонски стрип алманах 2021“, доби 137 илјади  и по 140 илјади за  „Херлок Шолмс- Мајсторот“ - Јулио Радуловиќ- Јулес, „Шенко“-  Миле Топуз, „Итар Пејо и Настрадин Оџа“ -Раде Дичоски, додека за ревијата „Стрип креатор “ 103 илјади денари.

За издавање на четири  Брајови книги, Здружението на слепите од Велес доби   94 илјади денари. Годишниот  концерт на Ансамблот Керамичар од Министерството за култура е финансиран со   140 илјади,   а за учество на фолк фестивал во Бугарија 124 илјади.

Средства доби и одржување на концерт со изведба на нумери од  македонски автори и познати светски касици на пијано- дуетот Ташева -Настовски  од Велес.

Финансиски со дел од средствата ќе биде  покриена и реализацијата на концертот „Сербез - класика“ на трио  „Окарина“ (Веселинка Маџарова, Илија Настовски, Трајче Малинов) кои треба да се одржат во Истанбул и во Велес .

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »