речник контакт

Кој се кандидатите да бидат втор државен правобранител за подрачјето на Повардарието

На конкурсот се пријавија четири кандидати, кои два месеци ја чекаат одлуката. И во ЈВП Лисиче нема в.д директор

Петар Печков

Во државното правобранителство освен сегашниот Петар  Новевски ќе има и уште еден. По распишаниот конкурс за ова место се пријавиле четири кандидати: Лилјана Талевска, Борче Пинев, ( и двајцата вработени во правобранителството) и Билјана Ангеловска и Бранислав Михајловски ( и двајцата адвокати).Иако конкурсот заврши одамна, сеуште не е извршен изборот.

 Нема именувано ниту в.д. директор во ЈВП Лисиче, по смртта на Ацо Петров. Ова го оневозможува вршењето на дневните финансиски активности во јавното претпријатие а вработените не ќе можат да земат плата од понеделник, со почетокот на новиот месец.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »