речник контакт

Кој ја облекува англиската кралица

Ангелина Кели слугижавка е жената која и кажува на кралицата што да облече

Петар Печков

Додека Кејт Мидлтон продолжува да го држи светот во неизвесност кој го дијазнира нејзиниот свадбен фустан, нема таква мистерија околу облеката на кралицата за големиот ден на принцот Вилијам.

Наместо советници за висока мода, Нејзиното Височество уште еднаш ќе се потпре на дизајнерските вештини на пркосната ливерпулка слугинка, која е една од најдоверливи опкружувачи на кралицата.

Се слушна дека 58-годишната Ангела Кели, која ја носи звучната тутула ПА (личен асистент), советник и куратор на НВ Кралицата (за накит, кралски ознаки и гардероба), е во процес на дизајнирање на две облеки за 29 април.

Овие, заедно со уште една трета комбинација наменета за надвор од палатата, ќе и бидат презентирани на кралицата утрото на денот на свадбата за таа да го направи последниот избор, во зависност од временските услови за тој ден.

Внатрешни кралски извори велат „дека е скоро сигурно“ дека една од креациите на Кели ќе биде избрана покрај уште една од познат дизајнер, за кого во овој случај се верува дека е Стјуарт Парвин, фаворитот на кралицата во ретките прилики кога не носи „домашна“ облека.

Навистина, току е силна неверојатната врска помеѓу кралицата и оваа ќерка на ливерпулски докерски работник што е „незамисливо“ за НВ да одбере нешто друго освен креација на Кели.

Како што вели еден кралски извор, „ќе се изненадам ако не облече парче од Ангела Кели на венчавката. Иако крајниот избор е на кралицата, Ангела е нејзината совест. Кралицата се потпира на неа исто како што го правеше тоа со Бобо Макдоналд, нејзиниот поранешен гардеробер цели 60 години, но Ангела има многу повеќе моќ отколку што Бобо некогаш имал“.

Двапати разведената Ангела, која себеси се нарекува „госпоѓица“ и покрај фактот што го носи презимето Кели на нејзинот последен маж, од почетокот работеше силно предано на нејзниот пат на успехот за да стане таканаречена „чуварка на вратата на спалната соба“ на кралицата.

Толку е силна нејзината харизма што му се допадна и на Мајкл Фосет, „незаменливиот“ поранешен организатор на забавите на Принцот Чарлс, на кого тој еднаш му кажал дека е единственот слуга без кој не може.

Кели е католик и помина долг пат од имотот Мерсисајд каде беше одгледана како дете. Сега до нејзиното име ја носи титулата Кралски викторијански ред, доделено од нејзиниот работодавец во 2006, живее во величенствена куќа во Виндзор, ужива  во собите во Бакингемската палата и во палатата во Виндзор, и се вози наоколу во Ленд Ровер Фрилендер.

Навистина, кралицата е толку горда на својата славна гардероберка што постојано замижува на едно око по неконвенционалното однесување со кое Кели го заслужи името АК-47, игра со нејзините иницијали.

Иако не е вооружена, Кели, поранешен член на Женскиот кралски воен корпус, одамна се покажа како опасна. Во 1999, ја најдоа како се тркала по тревата во Бакингмеската палата во тепачка со 20 години помлада слугина. Таа ја обвини Хана Кулет дека се гледа со нејзиното тогашно момче Тони Ферирол, готвач во палатата, кој беше женет. Полицијата мораше да ги раздвои, а Ферирол си даде оставка.

Четири години подоцна пак беше на насловните страници кога го загуби трпението додека го чекаше својот ручек и фрли кеса со ѓубре врз организаторот на кетерингот. Во 2008 и се изгуби тлото под нозете додека се обидуваше да влезе во палатата без нејзината безбедносна пропусница. Беше приведена од полицијата откога ги праша: „Знаете ли која сум јас?“ Кели беше кутната на земја откако почна да се бори со полицајците, а како и секогаш кралицата ги игнорираше оговарањата кои ја следеа нејзината помошничка. „Кралицата и ја има мерката на Ангела“, вели изворот. „Таа е свесна за нејзините недостатоци, но ги игнорира повеќето од нив бидејќи тие две толку добро се согласуваат“.

Потоа имаше уште една контороверза во 2009, кога нејзиниот партнер дизајнер Алисон Пордјум ја напушти палатата под обвинение дека и било преку глава да игра „втора виолина“ на „себеважната“ Кели.

Еден извор кажа: „Ангела не е тип на личност која ја држи главата наведната. Таа вознемири многумина на нејзниот пат угоре. Неверојатно е тоа што оваа женска од Ливерпул стигна до толку моќна позиција. Луѓето се секако љубоморни на неа. Таа баш и не го сака тоа, но вие не би сакале да бидете на нејзината погрешна страна.

Толку многу што Кели и нејзиниот (сите женски) четворочлен тим на гардероберки се обележани од некои колеги како „собир на вештерки“. Во 2007 Кели во единственото интервју кое го има дадено, самата призна дека се соочува со љубомора, посебно од оние кои се во кралската служба подолго од неа.

- Немам повеќе место за забивање ножеви во мојот грб. Некои луѓе измислуваат секакви приказни за мене, но повеќето луѓе ми даваат подршка, рече таа.

Но, никој повеќе не и дава од кралицата, која и покрај класните разлики, се зборува дека еднаш додека стоеле една покрај друга пред огледалото и рекла на Кели „можеме да бидеме и сестри“.

Иако може чудно да изгледаат кралицата и „блузестата“ Кели, како што ја опиша еден извор, всушност и двете имаат многу заедничко. Како и кралицата и Кели има возрасни деца: два сина и ќерка, како и внуци кои ги обожува.

Кели признава: „Не знам зошто кралицата е горда на мене бидејќи не и давам мир!“. А вистината е ова: да се биде мажена за небесмислениот принц Филип повеќе од 60 години, кралицата е добро научена на луѓето да им ја кажува вистината, а покрај тоа ја обожува директноста на Кели.

Иако е аматерски копирана од некои професионални кројачи, Кели не само што и заштедува на палатата годишно по 250.000 фунти кои би отишле во скапи модни куќи, туку таа забележително ја подобри гардеробата на Нејзиното Височество.

Можеби единственото совпаѓање ќе биде тоа што тајното оружје на кралицата треба да биде именувана со прекар како советската јуришна пушка.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »