речник контакт

Коњаниците на пат кон Крушево, минаа низ Велес (фото)

24 коњаника ја одржуваат децениската традицијата

Петар Печков

И вечерва, како многу години  наназад, Велес беше дел од Илинденскиот  марш на коњаниците од  скопско Горно Лисиче. 24 коњаника застанаа пред споменикот на  Илинденците, положија  цвеќе   и  продолжија на пат кон Крушево. Вечерва тие  ќе преноќат во Градскиот парк и утре продолжуваат до Прилеп, по стариот пат.  

„Илинденскиот марш 2017“,  по 39-ти пат, го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, ќе учествуваат коњаници од 18 до 65 години, меѓу кои и една девојка.

На платото во центарот на градот, во чест на гостите, КУД Керамичар, изведе пригодна програма  на сплет македонски песни и ора. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »