речник контакт

Крадел кабел, загинал од струен удар

Влатко Павлов ( 21 год) од населба Чашка загина вчеравечер при обид за кражба на кабел за струја, кој бил под напон.

Петар Печков

Тој заедно со неговите другари А.А. (22 год) и А.Т ( 21 год) по претходен договор,  од населба Чашка заминале со магаре и маска кон селото Владиловци, во местото наречено Рудник од каде  од трансформатор  на ЕВН требало да крадат кабел за струја.

Откако се стемнило околу 19,30 часот, Влатко се качил на трансформатор на висина од 5-6метри и со помош на клешта се обидел да ја пресече жицата, по што добил струен удар од кој паднал на земјата. Веднаш од страна на двајца присутни другари, телефонски бил повикан нивни пријател да дојде со патнички автомобил да го пренесат Влатко во Медицински центар Велес.

Истовремено е известена и итната медицинска помош, со чие возило се пресретнале во село Извор, каде Влатко е префрлен во колата на Брза помош. По приемот во Медицински центар Велес, дежурниот лекар   констатирал смрт. Извршен е увид на лице место од јавен обвинител, инспектор и увидна екипа од СВР Велес. Таа ќе поднесе соодветен поднесок против лицата А.А и А.Т.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »