речник контакт

Кражба на трансформатор кај Пензионерски оштети стотици велешани

Прегореа домашните апарати но и компјутерите во државните институции. Штетата околу сто илјади евра

Петар Печков

     Стотици велешани и бројни што приватни што државни фирми  ги почувствуваа штетите од кражбата на трансформаторот на ЕВН  кој се  случи во средата наутро.  Штетите се проценуваат на повеќе од стотина илјади евра. Од зголемениот напон, причинет од кражба на дел од трафостаница,  во стариот дел на Велес, од левата страна на градот прегореа разладни уреди, телевизори,компјутери, фрижидери, шпорети и друга покуќнина.

Нема куќа  од овој дел на градот каде не е регистрирана штета. Најмногу настрадаа ер-кондишните и компјутерите. Настанот се случи околу 5,30 часот. Чекаме сега ЕВН да дојде и ги регистрира причинетите штети, но и да ја надомести штетата. Не прифаќам изговор кој го добивме, дека трето лице е криво за зголемениот напон и тоа  да не обесштети. Ова е исто ако  на  некоја банка  крадец  и ги украде  парите, таа да се брани дека нема да  не обесштети, оти трето лице е виновно - вели Бранко Орељ, еден до засегнатите граѓани.

Проблемот од зголемениот напон го почувствувале  семејствата ко живеат на улиците Димитар Влахов, Вера Цири Вири, Јован  Наумов Алабакот и бројни други. Големи штети претрпеле и бројни здравствени ординации, две специјалистички, ЈЗУ Медицински Центар Велес, Техничко -технолошкиот факултет од Велес,  Агенцијата за вработување, Центарот за социјални грижи. Некои и по пет дена сеуште не работат со странки, бидејќи компјутерите се прегорени, недостапни се поради уништените телефонски централи.  Во овие институции разладните уреди се комплетно вон употреба.   Меѓу тие што има најголема штета е сопственикот на ПЗУ Хипократ МБ, Владо Јорданов.

Освен што се уништени компјутерите и разладните уреди, прегореа и апаратите за ,,екг,,, фотелја за масажа и други. Плаќам скапа индустриска струја а добивам неквалитетна струја која ми предизвика огромна штета - изјави д-р Јорданов. Тој два дена морал да ги враќа пациентите додека не ги изврши неопходните поправки. Слична мака има и втората специјалистичка ординација  сместена во овој дел на градот ПЗУ ,,Панче Арсов,,. Од ЕВН Македонија го потврдија инцидентот во Велес, велат дека има голема материјана штетата и тие и фирмите, дека  кај нив поплаки стигнале од 50-тина семејства,  но не прецизираат   за  надомест на штетата.

Извршена е кражба од Трафостаницата викана ,,Пензионерски,,.  Изведена е стручно,  бидејќи  во тие моменти била под напон, демонтирани се прегради за вентилација и украдена е бакарна шипка, поради што е причинета штета во дел од домовите на населението кое се снабдува со струја од оваа трафостаница. Ќе инсистираме на брзо расветлувања на случајот за да може правилно да се обесштетат корисниците во случај кога има штети од три лица -  изјави Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.

Тие случајот го пријавиле во СВР  Велес и бидејќи имаат индиции дека имало слични обиди за кражби  на други трафостаници во градот, очекуваат полицијата бргу да го открие сторителот.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »