речник контакт

Крај езерото Младост ќе се гради патека за прошетка

Ќе се уредува брегот на езерото Младост со изградба на пешачка патека, хортикултура и ќе се осветлува.Патеката предвидено е да биде долга 5,7 км а широка 2 м.

Петар Печков

Целта на проектот е подобрување на туристичката понуда. Ова е во рамките на реализацијата на проектот за “Изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување и осветлување околу езерата во Република Македонија“.

Веќе е објавен е повик за доделување на договор за јавна набавка за изградба на пешачки патеки околу езерата во општините Дојран, Велес, Маврово-Ростуша и Крушево. Министерството за транспорт и врски ја презема активноста за изградба на пешачки патеки, а општините ја преземаа обврската за поставување на урбаната опрема и хортикултурното уредување на патеките – изјави Миле Јанакиевски министерот за транспорт и врски на прес конференција.Се очекува дека патеката  на езерото Младост би била готова до крајот на јуни.

Во првата фаза ќе бидат опфатени Дојранско езеро, Младост кај Велес, Мавровско и Габелово езеро во Крушево. Во следните три ќе биде опфатено уредување на просторот кај Дебарско, Глобочко, Охридско, Турија, Калиманци, Матка, Треска, Градче, Паљурци, Липковско, Козјак Мавровица.

Според проектираните цени на проектите министерството од својот буџет за 2010 ќе одвои  14 милиони денари, за идната 42 милиони денари и 34 милиони денари се предвидени за 2012.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »