речник контакт

Крводарителите од ОО на Црвен Крст Велес, во 2019-та повторно најхумани во Македонија

Лани планот е реализиран со 240,6 отсто или собрани се 4.479 крви единици

Петар Печков

Крводарителите од Велес, но и соседните општини Градско и Чашка и ланската година се најхумани во Македонија. Тие го натфрлиле планот за собирање крвни единици кој е 1861 и собрани за 12 месеци  се 4.479. Со тоа планот е реализиран со 240,60 отсто.   

Минатата година во однос на кродарителството заврши одлично за Општинската организација Велес. Согласно  извештајот на централата на Цревниот крст на Македонија,   повторно сме први, како и 2018-та, со  најмногу натфрлен план, споредено и рангирано до останатите општински организации - изјави секретарот на ОО на Црвен Крсте Велес, Орце Николов. 

Од собраните 4.479 крви единици, 528 се нови крводарители, кои дарувале прв пат. Од вкупниот број 904 крви единици собрани  се од жени и  3.575 се од машки пол. 

За потсетување и 2018-та година, велешките крводарители беа најхумани во Македонија. Планот од 1.861 беше  остварен со 243%  или беа  собрани  вкупно 4.519 крвни единици.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »