Петар Печков
Објавено: четврток, 24 септември 2020
Од почетокот на месец октомври, крводарувањето во трансфузиона медицина ќе се извршува само два дена во седмицата, понеделник и четврток, информираа од Општинскиот Црвен крст.
Со одлука за Институтот за трансфузиона медицина, се врши промена на крводарувањето во Службата при Општата болница во Велес. Од 1-ви октомври доброволно ќе може да се дарува само во деновите понеделник и четврток, во терминот од 8 часот до 15 часот. Сите краводарители кои сакаат да даруваат ги замолуваме да одат во овие два термини. Освен во Службата за трансфузиона медицина крв може да се дарува и на крводарителските акции кои се одржуваат во градот - соопштија од Општинскиот Црвен крст Велес.
Од таму потенцираат дека одлуката крв да се дарува во Велес, само два пати во неделата, е на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Tweet |